Бела куќа: Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија

by Fokus

Високи функционери на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и оти Вашингтон ќе одговори одлучно, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа Си-Би-Ес.

– Разговаравме директно, во четири очи, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и нашите сојузници би одговориле многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни што ќе значи тоа, рече Саливан.

Поврзани новости