Од утре ќе се знае од каде владата ќе снабди со поевтина струја за фирмите

by Fokus

Иако договор со Бугарија нема, власта уверува дека контактите продолжуваат како со официјална Софија, така и со Турција и Србија има секојдневни конткати, a од утре се очекува информација од каде владата ќе се снабди со поевтина струја за фирмите кои се на отворениот пазар .

Додека количините за регулираниот пазар на кои се граѓаните и помалите фирми се обезбедени, владата сега вели, се разговара за да се дојде до цена која би била прифатлива, но не прецизираат дали во текот на идната недела ќе најде заеднички јазик со некоја од државите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди и дека се прават напори да се осолбодат прекугранични капацитети за пренос на струја, за стопанството.

Токму цената на струјата ги натера дел од компаниите да стават клуч на врата – Мерки од државата побараа уште во август, но владата се одлучи да помогне откако струјата во еден период достигна и цени над 800 евра за мегават час, а се очекува истата во текот на зимскиот период да биде и над 1.000 евра.

Владата нема да се потпира ниту на ТЕ-ТО, бидејќи нивните 5 гигават часови електрична енергија не биле предвидени во енергетскиот биланс за електрична енергија за граѓаните, ниту пак за она што сега се бара струја – компаниите. Нивните капацитети се предвидени само за затоплување, иако од фирмата велат дека нема гаранција дека ќе може да испорача 70 отсто од потребната енергија за граѓаните, оти минатата сезона, кога исто така имаше кризна состојба, нивната ликвидност била нарушена поради ниските цени по кои ги продаваа топлинската и електричната енергија.

 

Поврзани новости