Бугарското МВР ќе го обезбедува Пендиков

by fokus

Претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков ќе го чува бугарската полиција. Ова било решено по вчерашната средба на македонскиот државјанин со бугарската самосвест и министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев. Според бугарските медиуми, министерот го уверувал дека тамошното МВР го презема неговото обезбедување додека Пендиков се уште престојува со мајка му во Софија.

-Пендиков ќе биде чуван, бидејќи и понатаму добива закани на интернет за време на престојот во нашата земја. Се разговарало и за добивање бугарско државјанство, пишува бугарски „Дир“.

Демерџиев бил категоричен дека ќе продолжи внимателно да го следи случајот со нападот на Пендиков.

-Ги дадов сите податоци на интернет адресите од кои се испратени заканите и ќе инсистираме да се преземат мерки, додал бугарскиот министер за внатрешни работи на средбата.

Вчера охридското обвинителството покрена обвинение против напаѓачот на Пендиков, а во обвинението стои дека нападот бил извршен од омраза.

Поврзани новости