Денеска пред Влада пациентите со цистична фиброза ќе се збогуваат со Благојче Илијевски

by fokus

Асоцијацијата за цистична фиброза во 14 часот денеска пред Влада ќе се збогува со Благојче Илијевски, најтешко болниот пациент од цистична фиброза, кој почина вчера чекајќи го лекот „Трикафта“.

-Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч. пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта. Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе АЦФ ќе се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки, информираат од АЦФ.

Поврзани новости