Бугарското МНР загрижено што Пендаровски ги прими Македонците од Бугарија

by fokus

Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази „загриженост“ поради тоа што претседателот Стево Пендаровски прими претставници на македонското малцинство од Бугарија.

-Министерството за надворешни работи на Бугарија изразува загриженост за последните случувања во Република Северна Македонија, поврзани со постапки на функционери кои создаваат негативни ставови во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Северна Македонија. Денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на јавната тензија предизвикана од конкретни постапки на претседателот на Северна Македонија, кој се обидува да ги обнови прашањата во конфликт со Договорот за пријателство, добрососедство и соработката од 2017. Ваквите акции не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Ги повикуваме одговорните фактори во нашата соседна земја да покажат политичка зрелост и да дадат конструктивен придонес во тековниот процес на враќање на меѓусебната доверба, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Поврзани новости