Бугарското МНР реагира на забраната за влез во земјава за Ковачев и Врабески: Ова е невиден инцидент

by Fokus

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека е разочарано од одлуката на властите во Република Северна Македонија да не им дозволат влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани.

Во реакцијата наведуваат дека причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Северна Македонија, предизвикуваат конфузија.

„Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Северна Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Северна Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи,“ се наведува во соопштението од бугарското МНР.

Настанот на кој требало да учествуваат Ковачев и Врабевски е панихида во Ново Село по повод празникот Ѓурѓовден.

Поврзани новости