Бугарскиот вицепремиер Дончев: Скопје да ја искористи шансата!

by Fokus

Вицепремиерот на Бугарија, Томислав Дончев во изјава за „БТВ“ даде свој коментар за бугарско-македонските односи.

Тој смета дека Скопје треба да ја искористи шансата што ја има, но не се обврзува на прогнози за решавање на отворените прашања меѓу двете земји.

„Бугарија презеде доволно чекори за поддршка на Северна Македонија во последните години. Софија не го оспорува идентитетот на населението во Северна Македонија. За разлика од идентитетот, што секој може да избере како да се чувствува, постои историска наука која работи со факти“, рече Дончев.

Поврзани новости