Бугарската министерка за надворешни најави оставка

by fokus

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска најави дека во текот на денот до Собранието ќе ја депонира оставката откако дознала дека премиерот Кирил Петков водел паралелни преговори за тоа како да падне ветото за Македонија.

На овие средби, како што вели таа, Петков со европски лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија.

-Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат, рече Генчовска.

-Надворешната политика не треба да зависи од политичките партии, рече Теодора Генчовска.

Поврзани новости