Бугарија доби привремена влада – вонредни избори на 9. јуни

by fokus

Бугарија доби привремена влада на чело со Димитар Главчев како премиер, а вонредните парламентарни избори се закажани за 9. јуни. На вонредната седница на Народното собрание, инагурирана е 10. привремена влада во историјата ан земјата, а шеста во последните четири години.

Тоа е првата влада која положи заклетва пред Парламентот, а не пред претседателот, после неодамнешните измени на уставните амандмани.

Претседателот Радев издаде укази за официјално именување на кабинетот и ги закажа изборите за 9. јуни, и за Европскиот и за националниот парламент.

Поврзани новости