Кавадарчанка пријавила дека нејзиниот љубовник ја силувал ќерка ѝ

by fokus

Триесет и осумгодишна кавадарчанка пријавила дека нејзиниот љубовник ја силувал нејзината малолетна ќерка.

– Синоќа во 21.00 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно, соопшти СВР Велес.

За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости