Бројот на починати од корона зголемен за повеќе од два пати, бројот на заразени зголемен за 20 отсто

by fokus

Во периодот од 8 до 14 март смртноста од Ковид-19 е зголемена за 2,3 пати, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здрвје. Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50 до 59 години и две лица од возрасната група од 40 до 49 години.

Освен смртните случаи зголемен е и бројот на заразени за 22,2 отсто во однос на минатата недела, регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата. Тестирани биле вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6 отсто), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4 отсто, или во просек 23,9 отсто, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.434, 26,3 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.064; 19,5 отсто), од 40 до 49 години (n=977; 17,9 отсто), од 50 до 59 години (n=916; 16,8 отсто) и од 20 до 29 години (n=698; 12,8 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=116; 2,1 отсто) и од 10 до 19 години (n=251; 4,6 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е намалување од 29,7 отсто споредено со минатата недела.

На 17 февруари во државава почна вакцинацијата против Ковид-19, а заклучно со 15 март вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.

Поврзани новости