Филипче формираше комисија за случајот со родилката која остана без матка, бубрег и јајник

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јилдз Веапоска, на која и беа извадени матка, бубрег и јајник, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата, која е составена по барање на министерот, како што соопшти Министерството за здравство, има пет члена и има задача да изврши надзор над стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од осум дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

Министерот Филипче бара од Комисијата извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пацинетот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или прпопусти и рокови за нивно отстранување, стои во соопштението.

Поврзани новости