Британија и честита на Македонија за новата влада: Ќе соработуваме за побрза интеграција во ЕУ и НАТО

by fokus
Министерот за Европа на Британија, Сер Алан Данкан и честита на Македонија за позитивниот напредок по долготрајната политичка криза.
 
По долготрајната политичка криза во Македонија, Премиерот Зоран Заев формираше влада. Министерот за Европа Сер Алан Данкан изјави:
 
„И честитаме на Македонија за формирањето на новата влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евро-атлантските институции.“

Поврзани новости