Укинато екстерното тестирање, нема да се спроведе годинава

by fokus 18:28
18:28

Собранието денеска со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан го укина екстерното тестирње.

-Политиката, пак, влезе во образованието преку влијанието што оценката на екстерното тестирање го доби во реален контекст. Оценката на тестирањето законски влезе во свидетелствата на децата и влијаеше на нивниот среден успех. Тоа значеше дека една бирократска операција го „контролира“ успехот на децата. Апсурдот беше што во свидетелствата на децата се пишуваа и единици, како оценки кои законски не се преодни. Но, најголеми контроверзи есктерното донесе во кариерата на наставниците. Доколку оценката на детето по некој предмет во голема мера се разликува од оценката на наствникот (за една или за две оценки), наставникот влегува на „црн список“ и ако тоа се случи две години по ред, тогаш наставникот ќе го загуби своето работно место. Директорот на училиштето ќе му даде отказ, поради незадоволнителни резултати од работењето. Овој чин ја прелеја чашата и покажа дека некој од власта сака „да владее“ со наставниот процес, но најмногу со наставниците. Заканите за парични казни и намалувањето на платата беше, исто така, дел од процесот, веројатно како казнено-воспитна мерка за „послабите“ наставници“ стои во образложението на законот предложен од СДСМ и ДУИ.

- Advertisements -

Поврзани новости