Спасовски го осуди нападот врз Тодоров: Без разлика на мотивите, правото на живот е неприкосновено

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференција најостро го осуди нападот со огнено оружје врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

-Без оглед на мотивите, огорченоста и причините за ваквиот напад, правото на живот на секој граѓанин е неприкосновено право, рече Спасовски.

Тој изјави дека во изминатите години бил урнат системот на владеење на правото и правната држава, а грубата партизација на институциите придонела до тоа граѓаните да ја изгубат довербата и да бараат начини за постигнување на правдата.

Поврзани новости