Братот на Мукоски добил државен тендер од речиси 600.000 евра

by fokus

Фирмата „Атриум“, чиј управител е Бобан Мукоски, брат на пратеникот Крсто Мукоски, го добила тендерот за тековно и инвестициско одржување на објектите со кои стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија, oбјави Независен.

На електронскиот систем за јавни набавки, Друштвото известило дека склучило договор за јавна набавка со вевчанската фирма, чија вкупна вредност ќе се утврди врз основа на реално изведени позиции и количини, но нема да биде повеќе од 579 илјади евра без ДДВ.

Поврзани новости