Боцевски: Смешно е да се каже дека цвеќето за учителките е корупција!

by Fokus

Некогашниот амбасадор, Ивица Боцевски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 говореше за корупцијата во Македонија, кој е еден од најголемите проблеми во нашата земја.

Како што истакна тој, корупцијата треба да се бара на точна адреса, а не да се лута и постојано да се бараат виновници.

„Смешно е да се каже дека цвеќето за учителките за 8 март е корупција. Се знае каде е корупцијата. Таа не кај службениците на шалтерите. Во здравството се знае каде е корупцијата. Да се каже дека лекарите земале мито е надвор од секој памет. Корупцијата во здравството е во набавката на лековите, тоа е повеќе од јасно“, истакна Боцевски.

Поврзани новости