Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски денеска најави дека неговата партија на изборите на 11 декември ќе коалицира со партиите од десниот блог.
-На предвремените парламентарни избори ќе настапиме со партии од десниот политички блок. Според нашата јасна профилација како демохристијанска народна партија, природно е да коалицираме со десниот блок, доколку се договориме и доколку бидат исполнети условите кои ние јасно ги поставуваме за коалицирање- рече Бошкоски.
Во десниот блок, Колицијата за промени и правда, членови се Демократскиот сојуз, ДЕМОС, ФРОДЕМ, а сепреговара со ВМРО-НП и со Достоинство.
Инаку, партијата Обединети за Макеоднија денеска го одржа првото Централно собрание, по излегувањето на Бошковски од затвор. Во салата беа присутни претставнци од 60 општински организации кои со овации го пречекаа Бошкоски во влегувањето во салата.
Генералниот секретар на партијата, Раде Милососки порача дека партијата и покрај сите притисоци ги зачувала сите општински организации и најави дека борбата продолжува онаму каде што запрела пред 5 години.