Утре треба да се распушти Собранието, клучни прашања ќе се решаваат со „брзи прсти”

by fokus

На утрешната седница Собранието на РМ треба да се распушти за да може на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Иницијативата за распуштање ја даде СДСМ, а беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, со услов претходно да се усвои буџетот за 2017.

Владеjачката коалиција веќе подолго време притискаше буџетот за 2017 година да се донесе сега и да го изгласа овој состав на Собранието. Опозицијата пак, предлагаше буџетот да го носи новата влада, по изборите, а во меѓувреме да се воведе привремено финансирање.

Освен донесување на буџет, утре пред пратениците треба да се најдат и законите што ги бараше Специјалното јавно обвинителство, за заштита на сведоците и за продолжување на мандатот. Овие предлог закони минатиот пат беа отфрлени од владејачкото мнозинство, а повторно во Собрание ги врати пратеникот Павле Трајанов.

Утре е предвидено да се расправа и за проблемот со вишокот гласачи во шестата изборна единица за што доесга не се најде решение, а Министерството за правда го премолчи проблемот.

Еден од предлозите е гласачите од Дебар да се префрлат во петата изборна единица, со што би се дошло до некакво урамнотежување на бројките.

Последен пат шестката се коригираше во 2014 кога половина дебата се определи во 5-ка. ДИК пред речиси два месеци го предупреди Собранието и министерството за правда дека шестката е незаконска, но никој не превзема ништо.

Поврзани новости