Скопје парализирано, почна собирот на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 15:43
15:43

Уште од утрово стотици автобуси од цела Македонија со членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ пристигнаа во Скопје за да присуствуваат на собирот во ЦС „Борис Трајковски“.

Предмалку во салата пристигна и лидерот на партијата Никола Груевски, кој придружуван од високи функционери, се движи низ толпата и се поздравува со присутните.

- Advertisements -

Тие пак го пречекаа со овации и му скандираа „Никој ништо не ти може Никола”.

На собирот дојдоа автобуси од Битола, Прилеп, Кичево, Делчево, Кавадарци, Велес и други градови, а салата е скоро полна.

Во близина на Градски парк и спортската сала „Борис Трајковски“ има и мобилни сендвичарници, а симпатизерите можат да се снабдат и со шалчиња и знамиња.

Овој собир е завршница на дводневните панел дискусии кои се одржаа во МОБ, во организација на владеачката партија.

Поврзани новости