Борисов: Ме викнаа во полиција за да ме понижат

by Fokus

Лидерот на ГЕРБ утрото дојде во Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија каде беше повикан за да даде исказ. Пред зградата беа собрани поддржувачи на партијата на Борисов – ГЕРБ во знак на поддршка на поранешниот премиер.

-Никој не ги организираше овие луѓе. Почнувам со Централната изборна комисија (ЦИК). ЦИК во обид да ме понижи вчера ме потврди како пратеник, но требаше да знаат дека како пратеник не можеа овде да ме повикаат и затоа среде ноќ го сменија решението. За жал, и по 3 сигнали за кои дадов информации, се се сведува на тоа дека некој нешто слушнал, дека некој нешто кажал, и тоа се од 2009 до 2012 година, изјави Борисов по напуштањето на полициската зграда.

Борисов, кој со години беше на чело на бугарската влада, вчера предупреди дека земјата, по неделните повторени парламентарни избори, се соочува со сериозна политичка криза. Неговата партија ГЕРБ е втора по број на пратеници во новото Собрание – 63 места. Прва е партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која освои 65 места. Но, ниту една од овие 2 партии засега не е во можност да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира стабилна влада.

 

Поврзани новости