Борел: Лавров ги отфрли барањата за повлекување на руските војници од Украина

by Fokus

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денес изјави дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров „агресивно одговорил“ на повиците за време на регионалниот форум на АСЕАН Москва да ги повлече своите војници од Украина.

Борел  на форумот во Џакарта, Индонезија, изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров барањето за повлекување го нарече дел од заговор на Западот, пренесува Ројтерс.

Министрите на Русија и на САД, Лавров и Ентони Блинкен се во Џакарта, но се чини дека нема да има можност приватно да се сретнат поради „насобраните разлики во мислењата“ и нивните различни програми за престој, јави ТАСС.

Поврзани новости