Бонева ќе ги тужи синовите, се изнакупувале станови без да и кажат

by lali

Пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева е шокирана од новите информации за уште станови што ги купувале нејзините синови. Таа во последен момент се премисли и наместо портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, одлучи да ги тужи синовите зашто купувале станови без да и кажат.

– Јас ‘и жалам мислејќи са побегнали воф странство от егзистенцијални причини, когато тие обаче големи земјопоседници ти биле. Неваспитани едни, иска’т да се срамувам пред јавноста, а и на антикорупционерето проблеми да им правам. Тава ич нем’ ареса и ќе ги тужам – вели разочараната мајка Бонева.

Таа и се извини на целата македонска јавност со зборовите “извинејте, не сам знаела” и се заблагодари на СДСМ со чија помош дозна за становите на децата. Од понеделник планира да ги пријави и во анкетниот лист.

Поврзани новости