Новинарството во Македонија

by lali

Овие денови, како и многу пати претходно, се актуализира темата „новинарство“, поим кој сѐ потешко се дефинира и опишува кај нас. Верував дека со големиот број на портали, со зголемување на квантитетот, ќе се зголеми и квалитетот на вестите, но, се случи обратното. Кај нас, новинарството се претвори во копирање на вести, во послушност, па и онаа сила која ја има(ше) се преточи во послуга за одредени страни. Објективноста и вистинитоста се губат како светло во тунелот, а тунелот добива на должина.

Сурфајќи на интернет, наидов на неколку правила кои насочуваат, односно, се мини водич за тоа како да се биде успешен и вистински новинар. Знам дека ова нема многу да влијае кај голем дел од новинарите, но, може да влијае кај читателите кои, после овие правила, ќе се обидат да препознаат и насетат кој ги има и кој ги користи во новинарството кај нас.

 

12. ПРАВЕТЕ ГО ОНА ШТО ГО САКАТЕ: Одберете што сакате да правите и правете го со страст. Запомнете: Ако нема љубов во кујната, нема ни вкус на масата. Преземете одговорност за Вашиот живот.

11. РАЗБУДЕТЕ СЕ АМБИЦИОЗНИ: Огнот во стомакот нека ве тера да правите нешто, да ги исправите работите. Реагирајте на неправда, нечовечност, корупција. Бидете промената која сакате да ја видите.

10. НЕ БИДЕТЕ ЧЛЕН НА НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА: Кредибилитетот е сѐ. Задржете ја независноста, бидете скептични, а не цинични. Не го ставајте личниот интегритет под хипотека. Исто е како и невиноста – еднаш штом ја изгубите, изгубена е засекогаш.

9. БИДЕТЕ СЕОПФАТНИ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПИСАТЕЛИ И ПИШУВАЊЕ: Читајте секакви весници, списанија, книги. Ценете ги писателите/пишувањето без разлика на идеологијата. Во ерата на интернетот, нема оправдување за Вашата игнорантност.

8. ПРОНАЈДЕТЕ СИ ИДОЛ/МЕНТОР: Најдете херој или хероина кој бил таму и таму, направил тоа и тоа. Бидете во контакт со луѓе кои ќе ви помогнат да ги остварите целите. Среќавајте барем по една нова личност секој ден.

7. НАПРЕДУВАЈТЕ, НЕ ПРЕЖИВУВАЈТЕ: Не се влечете по истиот пат, не се плашете да пробате нешто ново. Целете високо, сонувајте, имајте амбиција, поставете си цел. Ризикувајте, размислувајте на големо, размислувајте различно, не бидете предвидливи.

6. НИКОГАШ НЕ РАБОТЕТЕ ЗА НАГРАДА: Работете заради забава и сатисфакција, наградите ќе си дојдат сами. Не паѓајте на евтини фалби и нека не ве кочат уште поевтини критики.

5. ПИШУВАЈТЕ, ЦРТАЈТЕ, СЛИКАЈТЕ, СОЗДАВАЈТЕ СЕКОЈ ДЕН: Со текот на времето, Вашите навики ве дефинираат. Совршенството доаѓа со вежбање. Развијте дисциплина, посветеност, одлучност.

4. УЧЕТЕ СЕКОЈ ДЕН: Не може сѐ да се научи во училница или во редакција. Ако бизнисот постојано се менува, постојано учете. Повторно, во ерата на интернетот, немате никакво оправдување ако не го правите тоа.

3. НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ОД НИКОГО, ИСПИТУВАЈТЕ: Го работите ова за да добивате одговори. Нека не ве чудат големи имиња, моќ, репутација, статус. Оваа работа е за среќавање непознати луѓе и поставување прашања кои не би ги поставиле на сопствените родители.

2. НЕ СЕ СРАМЕТЕ ДА ПОСТАВИТЕ ГЛУПАВО ПРАШАЊЕ: Нема глупави прашања, има само глупави одговори. Зборувајте помалку, слушајте повеќе. Бидете скромни за своето незнаење.

1. ОСТВАРУВАЈТЕ ГИ СНИШТАТА: Не живејте за други, бегајте од искушенија, парите не се сѐ во животот. Вашето име никогаш нека не биде доведено под знак прашање. Вистина е – може е тешко, но е возможно да се живее чесно како новинар.

 

И се разбира…

Читајте Фокус, за нештата да бидат појасни!