Боки 13: „Меѓународен сојуз“ е девијантно алкохолизирано обвинение

by fokus

Бојан Јовановски, еден од обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“, во својот воведен збор, кој набрзо беше прекинат, поради влошената состојба на неговиот татко, Миле Јовановски, истакна дека е навреден од воведниот збор на обвинителката Вилма Русковска.

Обвинителката Русковска истакна дека случајот е врв на еден криминален девијантен ум, по што тој и возврати:

„Ова е девијантно алкохолизирано обвинение“, рече Боки 13.

Тој истакна дека долго размислувал дали да даде одбрана, бидејќи според неговото искуство во „Рекет“, одлуката се знае однапред.

Поврзани новости