По втор пат му се слоши на таткото на Боки 13, рочиштето одложено за во четврток

by fokus

Рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ е прекинато, бидејќи на два пати во судница му се слоши на обвинетиот Миле Јовановски, таткото на Боки 13.

Откако првиот пат кажа дека не му е добро, беше повикана Брза Помош, по што лекарите му дале терапија, со мислење дека може да продолжи со следење на рочиштето. Но набрзо Јовановски повторно се пожали дека не му е добро, поради што рочиштето е одложено за во четврток.

На денешното рочиште воведен збор даде обвинителката Вилма Русковска и адвокатот Сашко Дукоски, а на наредното рочиште својот воведен збор во целост ќе го даде Бојан Јовановски, кој денеска беше прекинат.

Поврзани новости