Бојкотот на наставата продолжува

by Фокус 17:41
17:41

И покрај сите притисоци, во средните училишта нема да се одржува настава и оваа недела, соопштуваат од Средношколскиот пленум. Бојкотот ќе трае се додека не се постигне договор меѓу Средношколскиот пленум и Министерството за образование и наука.

Од Пленумот апелираат до професорите и директорите да не вршат притисок врз учениците.

- Advertisements -

-Пленумот го замолува училишниот персонал да ги елиминира притисоците кои беа вршени врз учениците изминатата недела. Бојкотот ќе продолжи и во најлошите услови бидејќи имаме право да го искажеме нашето незадоволство. Бојкотот ќе се спроведува по планираните агенди освен ако тоа не ни биде оневозможено (агендите вклучуваат едукативни и забавни активности за сите ученици). Ние средношколците, говориме во еден глас и тој глас ќе биде слушнат, велат од Средношколскиот пленум.

Освен изјавите на министерот за образование Адеми дека ќе оствари средба со претставници на Средношколскиот пленум, досега нема ништо од средбата.

Поврзани новости