Втора средба ДПМНЕ – СДСМ во среда во Брисел

by Фокус

Преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се сретнат повторно во среда во Брисел, дознава телевизија Телма. Преговорите ќе бидат во посредство на истата европратеничка тројка Вајгл – Кукан – Ховит.

СДСМ за излез од полотичката криза бара нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ изразува подготвеност за дијалог, но не прифаќа техничка или преодна влада или какви било оставки.

Иако бараа да бидат вклучени во преговорите, нема да има претставник на ДУИ на втората рунда преговори во Брисел. Од албанската парија велат дека уште е рано за тоа, бидејќи сега се работи на помирување на двете најголеми македонски партии.

Поврзани новости