Богоев: Царината заплени 92 милиони долари во обврзници

by Fokus

Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.

Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.

Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.

Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба.

Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе и бидат предадени на Агенција за одземен имот.

Тој рече дека има тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.

Поврзани новости