ПроКредит Банка сподели искуство од користењето на електрични автомобили за своето оперативно работење
ПроКредит Банка е првата институција во Македонија која својот возен парк го прошири со пет електрични возила, кои не ја загадуваат животната средина. Со тоа постепено се менува тековниот возен парк кој користи фосилни горива со електрични возила кои за сега се користат за градска употреба и повлиски релации од главниот град. За половина година од сега, ПроКредит Банка истите ќе ги напојува на соларна енергија преку панели кои се во фаза на изградба, со што напојувањето ќе биде комплетно енергетски независно и пријателски кон животната средина. Со возилата до клиентите стигнуваат брзо, ефикасно и со помало загадување на животната средина.
Социјалната одговорност и грижата кон животната средина на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. ПроКредит Банка има воспоставено високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата.
ПроКредит Банка посевтена на заштита на животната срдина и е во тек со сите инжeнерски иновации.Тоа е причината зошто оваа институција е дел од годинешното ЕКСО на електрични и хибридни возила-да служи како пример со својата бизнис практика и да биде мотив за други институции како за својот бизнис можат да размислуваат ефикасно и еколошки. Дополнително ПроКредит Банка ги поддржува сите граѓани и бизниси кои сакаат да направат инвестиција во набавка на електрични автомобили со ЕКО кредитите со повластени услови.
ПроКредит Банка има воспоствено комплетен систем за делување кон животната средина, почнувајќи од кредитирањето на граѓаните и бизнисите на инвестици за подобрување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија, до интерни акции и акции за подигнување на колективната свест на граѓаните. Во последната своја инциијатива во Македонија дистрибуираа 50.000 еко торбички од органски памук со порака ‘’Размисли одговорно’’, со која апелираа да се заменат платстичните кеси со платнени со што помалку ќе се загадува животната средина.