СДСМ: Последниве 9 години дипломатијата е во постојан слободен пад

by Фокус

-За жал, последниве 9 години дипломатијата е во постојан слободен пад. Немаме јасна надворешна политика, само формално имаме стратешки цели, изостануваат приоритети, земјата е се повеќе изолирана, а амбасадори стануваат поединци без ниту еден ден дипломатско искуство, на денешната прес конференција изјави Виктор Габер, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.

Според СДСМ, причината за сево ова се партиските и приватните врски кои диктираат се во надворешната политика, а цената ја плаќаме сите ние и на секој чекор неодговорни политичари и аматери-амбасадори  ја срамат Македонија.

-Пред неколку месеци, амбасадорката Караѓозоска, само една од оние кои без ден дипломатско искуство беше партиски наградена во највисоката дипломатска фунцкија, пред очите на јавноста во Македонија и Хрватска, ја злоупотреби својата функција за да застане во партиска одбрана на тогашната министерка Јанкулоска. Таа се впушти во одбрана на неодбранливото и прекрши повеќе членови на Виенската конвенција. И не беше само тоа. Јавноста во Македонија секојдневно е информирана за серија гафови на Караѓозовска со кои се срами себе си, но пред се Македонија, рече Габер.

Оваа среда Комисијата за надворешна политика на СДСМ ќе разгледува неколку модели за реорганизација на дипломатската служба, а како што рече Габер, целта ќе биде Република Македонија да добие дипломатија каква и е неопходна за да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО аспирации.

Поврзани новости