Нови преговори за изборната регулатива

by Фокус

Во клубот на пратеници денеска ќе има нова рунда преговори за измените на изборната регулатива, уште една од обврските кои произлегуваат од договорот во Пржино. Промената на изборниот модел, прочистувањето на избирачкиот список, надлежностите на ДИК, гласањето на дијаспората, се прашањата за кои до 6 октомври политичките партии треба да постигнат договор.

Во приближувањето на спротиставените ставови околу теренски проверки и гласањето на дијаспората, покрај европскиот олеснувач Питер Ванхауте ќе помагаат и експерти на ОБСЕ-ОДИХР. Тие денеска ќе бидат присутни на средбата на работната група, а во изминативе денови имаа средби со партиски претставници.

Поврзани новости