Битиќи контра Груби: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

by fokus 13:42
13:42

Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи  одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите кои ги изнесе првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за можно субвенционирање на вработувања во приватниот сектор по етнички клуч.

– Пристапот и на претходната Влада, и на оваа Влада, е ист. Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите. Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно, потенцира Битиќи.

- Advertising -

Додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.

Поврзани новости