Билстром: Шведска ги исполни условите за влез во НАТО поставени од Турција

by Fokus

Билстром рече дека со воведувањето на новиот закон за тероризам, Шведска ги исполнила последните услови за влез во Алијансата договорени во трилатералниот план на Финска, Шведска и Турција, пренесува Си-Ен-Ен.

Шведска ги исполни условите за влез во НАТО, кои ги постави Турција – изјави шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

Тој рече дека со воведувањето на новиот закон за тероризам, Шведска ги исполнила последните услови за влез во Алијансата договорени во трилатералниот план на Финска, Шведска и Турција, пренесува Си-Ен-Ен.

„Во Шведска неодамна стапи на сила нов закон со кој се криминализира учеството во терористичка организација на кој било начин, без разлика дали таа ја промовира, зајакнува или поддржува. Со ова ги исполнуваме последните делови од нашиот договор“, рече Билстром на прес конференција.

Поврзани новости