„Билка“: Употреба на канабис за медицински или лични цели е уставно право, а не казна!

by Fokus

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје преку соопштение до јавноста порача дека ќе се борат против полициската тортура, во однос на употребата на канабисот за медицински или лични цели.

„Крај на полициска тортура. Ќе се бориме за сите и ќе добиеме човечки третман , во спротивно, одиме Меѓународно, нека знаат сите што се случува во затворите и притворите во Македонија, за другарите кои лежат долги казни, за ситниот криминал, пренатрупаноста и системското изживување врз нашите семејства, пријатели и, најблиски фатени затоа што не можат да набават масло легално, не можат да набават ниту за рекреативни цели без тоа да бидат третирани како да се дел од организирани криминални групи. Кучињата лаат, бизнисот врви“, велат од „Билка“.

Поврзани новости