Безбедносни мерки во Кочани, зголемено нивото на вода на браната „Калиманци“

by Fokus

Преку Регионалниот Центар за управување со кризи Кочани е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови има зголемен доток во браната „Калиманци“.   Во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте.

Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво.

Како сигурносна мерка, надлежните за браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места.

ЦУК е добил известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Известени се во СВР Штип за да реагираат навремено и за да се обезбеди мостот.

ЦУК ја следи ситуацијата во Кочанско.

Поврзани новости