БЕСА: Теута Арифи вети дека ќе го направи Тетово најчист град, а сведоци сме на еколошка катастрофа

by fokus

Младинскиот форум на Движењето Беса ја обвини градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, дека не се грижи за градот.

„Се наоѓаме денес тука, меѓу овој отпад кој се наоѓа на влезот на Тетово, за да ја оствариме оваа симболична активност во знак на револт кон оваа еколошка катастрофа. Како да не беа доволни труењето на градот со години, отсуството на вода и елементарните хигиенски услови, Општина Тетово покажа страшно занемарување кон отпадот во градот. Преполниот град со отпад во овие летни горештини, освен неподносливата смрдеа, е извор и за разни заразни болести“, велат од Беса.

Тие ја потсетија Арифи, како што велат, за нејзиното ветување дека Тетово ќе го направи најчист град во Македонија.

Тие упатија порака дека овој срам ќе заврши кога Арифи веќе нема да седне на градоначалничката фотелја, од каде што донесе само одлуки на штета на граѓаните.

Поврзани новости