Милошоски: Да се отвори за јавност седницата за договорот со Бугарија

by Fokus

Декласификација на нацрт договорот со Бугарија за добрососедски односи и отворена седница на која ќе се дискутира за деталите, побара пратеникот Антонијо Милошоски во име на ВМРО-ДПМНЕ и „Колацијата за подобра Македонија“.

-Собранието и Владата се одговорни и треба да отворат јавна дискусија за да се види што точно ќе се потпише и колкава би била штетата од тој договор за Македонија. Сметаме дека тој ќе биде од полза само за бугарската страна – вели Милошоски.

Како што рече тој, било предвидувано и формирање меѓувладина комисија која ќе го следела применувањето на договорот и доколку Македонија не испочитува одредена одредба, може да трпи, санкции и блокади.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ следува по изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, дека договорот е затворен и немаат намера да преговараат, а во него не се споменати македонскиот јазик и народ.

 

Поврзани новости