Два дена по поплавата, во селото Порој нема вода за пиење

by fokus

По поплавите од пред два дена, двете ленти на патот Тетово-Јажинце остануваат блокирани. Најмногу погодено е селото Порој, каде што половина од жителите немаат вода, а околу 50 куќи се изолирани од калта која ги блокира влезовите и излезите на населбата. Жителите бараат што побрзо да се направи мостот на горниот пат од селото и брзата помош да остане достапна за граѓаните, објави Алсат-М.

“Мостот мора веднаш да се поправи, нема каде да поминуваме. Тука имаме еден пат, низ куќа влегуваме за да одиме во Тетово. Само преку населби и куќи поминуваме.” – велат дел од жителите

Селото веќе го посетија и неколку министри, за земјоделството, транспортот, економија и правда кои беа во придружба на градоначалничката Теута Арифи. Ветија дека состојбата во селото брзо ќе се врати во нормала.

Но, покрај ваквите ветувања сè уште нема дополнителни багери и камиони за да се забрза расчистувањето на наносите и да се деблокираат патиштата.

Поврзани новости