Бектеши: Со една инвестиција во фотонапонски централи направивме колку изминатите 30 години

by Фокус

До 2017 година во Северна Македонија имаше инсталирана моќност од фотонапонски централи од не повеќе од 19 мегавати, само со една инвестиција во рок не поголем од 2 ипол години имаме 17 мегавати дополнителен инсталиран капацитет, што значи дека само со една инвестиција имаме направено колку што е инвестирано 30 години во држава која е држава на сонцето.

Ова го кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното официјално пуштање во употреба на фотонапонската централа во светиниколско Амзабегово, што е инвестиција на Групацијата ГЕНИ.

Според Бектеши, во моментов во мрежата само од фотонапонски централи се приклучени 65,7 мегавати, а во постапка до крајот на годината треба да се приклучат дополнителни 12 мегавати.

-Од првиот Јавен повик на Министерството за економија каде што државата доби дополнителни средства за изградба на фотоволтаици, наместо да плаќа пресметано во сметките на граѓаните и компаниите од 7% за обновливи извори за фидинг тарифи, сега е спротивно државата доби над 2,5 милиони евра, а компаниите покажуваат интерес да и платат на државата за да изградат ваква инвестиција.

Од Јавните повици кои што ги објави Министерството за економија за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште со премиум тарифи ќе имаме инсталирана моќност од соларни централи од 150 мегавати инсталирана можност, а со  инвестициите кои што се реализираат од страна на ЕСМ во Осломеј во државата ќе имаме инсталирана можност од над 220 мегавати од соларни панели – рече Бектеши.

Поврзани новости