Бектеши: Работиме на тоа по 1-ви јули да се врати евтината дневна тарифа за струја

by Fokus

„Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден“ рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври“ – рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.

Тој нагласи дека веќе ја има анализата за справувањето со енергетската криза, но додаде дека директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во текот на наредната недела ќе ги каже подробностите на прес-конференција.

„Колку што сум информиран на почетокот на идната недела ќе има детална презентација. Можам да кажам дека најдобро се справивме во регионот со најмалку потрошени пари, но и во делот на немање рестрикции и во делот на цената на електричната енергија за домаќинствата“- потенцираше Бектеши.

Поврзани новости