Украинската вицепремиерка на руски: Не ги посвојувајте децата украдени од Украина!

by Fokus

Украинската вицепремиерка ги предупреди руските граѓани „да не посвојуваат деца украдени од Украина и транспортирани во Русија“.

Пишувајќи на руски на Телеграм, Ирина Верешчук рече дека „посебно е одвратно јавно да се фали со незаконски активности“.

„Земењето деца без родители од Украина и предавањето на посвојување на руски државјани е незаконско и гнасно“, напиша Верешчук.

Повеќе од 16.000 случаи на депортација на деца истражува главниот украински обвинител. Андриј Костин.

Поврзани новости