Беќ Цуфај: 2017 – та можеби ќе биде полоша!

by fokus

Преминот кон нова година обично е поволен момент за оптимистички поглед нанапред, но 2017. можеби ќе биде полоша отколку 2016. година, смета Беќ Цуфај, новинар и писател од Косово кој живее во Германија, пренесе Дојче Веле.

„Истанбул, Брисел, повторно Истанбул, Ница, Вирцбург, Ансбах, Минхен, Берлин. Обично, овие градови асоцираат на плажа, шопинг-тури или прошетки. Така би било во обични, мирни времиња. Но, за жал, не и во овој годишен премин 2016/2017. Преминот кон нова година обично е поволен момент оптимистички да се погледне во иднината и на семејството, пријателите и колегите да им се посака здравје и успех.

Но, сега буквите за жал се немоќни против целата болка и не можат да ја опфатат трагедијата која погоди невини жртви.

Подмолните убиства, жалоста која ја предизвикаа овие ужасни конфликти на религиите, културите и јазиците, државите и народите, тешко е, или дури неможно да се формулира дијагноза за болеста која моментно го мачи човештвото. Исто како што интернетот не знае за граници или јазични бариери, и за службите за безбедност и тајните служби ќе биде едноставно невозможно целосно да ги елиминираат опасностите и подмолните на фрустрираните и прелажаните, кои во името на еден непостоечки бог се разнесуваат во воздух себе си и луѓето околу себе“, пишува во својата колумна „Моја Европа: Мојот страв“, новинарот Цуфај.

Поврзани новости