Во Белград префрлени уште пациенти повредени во пожарот во Кочани

by Fokus

Во главниот град на Србија попладнево со воен авион на српската армија се префлени повредени од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград.

На ВМА во моментов се сметуваат четворица пациенти од Кочани. Авионот со повредени попладнево слета на аеродромот во Батајница. Повредените потоа со Брза помош се пренесени во болница.

Претходно, Министерството за одбрана на Србија соопшти дека ќе бидат преземени од Сокпје 12 пациенти кои се повредени во пожарот во Кочани. Ден претходно, во Белград исто така беа пренесени 12 пациенти и се во Ургентниот центар во Беелград и на ВМА.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица, јави МИА од Белград

Поврзани новости