Во Истанбул и во Анкара ќе се лекуваат деветмина со изгореници од пожарот во Кочани

by Fokus

9 тешко повредени пациенти се пренесени во Турција за да продолжат со лекувањето.

Од нив, 3 пациенти се префрлени со амбулантен авион на Министерството за здравство во Истанбул, во болницата Чам и Сакура, додека 6 пациенти беа транспортирани со воен авион на Министерство за одбрана во Градската болница Билкент во Анкара.

Турскиот амбасадор, Фатих Улусој, присуствуваше на аеродромот во Скопје за да го надгледува прифаќањето на повредените во турските авиони.

Турскиот амбасадор ја посети болницата каде што се лекува еден повреден во несреќата, разговараше со него и неговото семејство и доби информации за неговата здравствена состојба од лекарите.

– На пријателскиот и братски народ на Северна Македонија му изразуваме најискрено сочувство, на семејствата на загинатите им посакуваме трпение, а на сите повредени млади луѓе брзо закрепнување.

Турција, како и од нејзината независност наваму, ќе продолжи да биде покрај нашите браќа од сите заедници во Македонија – изјави турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Поврзани новости