Шредер: Србија може да влезе во ЕУ и пред 2020

by fokus

Поранешниот германски канцелар Герхaрд Шредер изјави оти е јасна целта на српската Влада – Србија да стане членка на ЕУ до 2020 година, но тој лично оценува дека постои можност тоа да се оствари и порано, додека премиерот Александар Вучиќ не е таков оптимист.

„Постои една многу важна цел и она што Владата на Александар Вучиќ сака да го оствари, а тоа е да стане членка на ЕУ до 2020 година. Јас дури мислам дека можеби постои можност, тоа би било она што го посакувам, да се оствари и пред тој рок“, истакна Шредер.

Тој наведе дека билатералните проблеми меѓу земјите на Западот и Балканот не треба да бидат услов или препрека за отворањето на ново поглавје.

Вучиќ му се заблагодари на Шредер поради „убавите зборови“ нагласувајќи дека тој не е оптимист како него.

Поврзани новости