Иванов ја честита Новата година: Што побргу да ја заборавиме 2016 – та ВИДЕО

by fokus

Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме се што беше негативно да ни се повтори, се вели во новогодишната честитка на претседателот Ѓорге Иванов упатена до граѓаните.

Во неа се додава дека Новата година кај секој од нас буди нови очекувања, надежи и желби.

– Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности, на потребата да бидеме солидарни, хумани, праведни – се вели во честитката.

Иванов на граѓаните им посака желбите да им станат реалност, а реалноста да биде поубава и поблагопријатна за сите.

– Нека претстојните празници ни донесат нова сила, нова радост, позитивни мисли и обновена надеж за исполнет живот во мир, просперитет и благосостојба – се додава во честитката.

Поврзани новости