Народно движење за Македонија во пресрет на формирањето на новата влада им достави лично на Никола Груевски и Зоран Заев Заев, Меморандум за Македонија со кој се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата, информираа денеска од партијата.
-Меморандумот всушност е национална платформа, своевидни црвени линии, од кои треба да се раководат македонските политичари. Во 25-годишната историја Македонија повторно е исправена пред големата опасност-рушење на државата, дотолку повеќе, сведоци сме на заговарање на концепти од Албанците за редефинирање на уставно-правниот поредок. Оттука, со овие десет заложби во Меморандумот за Македонија не е претерано ако кажам дека се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата. И не гледам ниту една причина зошто овие заложби да не бидат прифатени во пресрет на составот на нова влада. Во овие десет заложби од Меморандумот не смее никој да чепка без оглед кој победува на избори или ќе составува влада, а за се друго кој каква каква земјоделска, даночна, младинска, еколошка, спортска, културна… политика ќе води, слободно нека се расправаат Груевски и Заев, ама обезбедете го опстанокот на земјата, изјави Бачев.