Шилегов: Институциите не смеат да бидат инструмент на Груевски

by fokus

Членовите на Државната комисија за спречување на корупција и вработените во Управата за финансиско разунзавање не смеат да бидат инструмент на Никола Груевски и неговите соработници, рече денеска на прес конференција Петре Шилегов од СДСМ.

-Според информациите што ги имаме, по иницијатива на сегашниот директор на УБК, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Антикорупциската комисија побарала проверки за 22 невладини организации. Управата за финансиско разузнавање според информациите отворила проверки за 22 невладини организации. Отворени се проверки и за 42 физички лица, отворени критичари на владеењето на Груевски и опозиционери, изјави Шилегов.

Тој додаде дека времето на Груевски завршило и во Македонија мора да има одговорни институции кои се должни по закон и Устав да работат исклучиво во служба на граѓаните.

Поврзани новости