Вработените во „Југохром“ се уште се на принуден одмор

by fokus

Статусот на вработените во комбинатот „Југохром“ и во новата година останува ист, пишува Мета. Тие сè уште сe на принуден одмор и земаат околу 70 отсто од месечните примања, откако инспекторатот за животна средина во ноември лани донесе одлука за привремено затворање на комбинатот, поради доцнењето на изградбата на филтер-станицата. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека за понатамошната судбина на работниците, сè уште се преговара со менаџерскиот тим на комбинатот.

-На работниците им се исплатени платите, денеска или утре се очекува да се исплати К-15. Сега најважно е што вработени уште се водат на принуден одмор, треба наскоро да се знае што понатаму со нив. Но, треба фабриката да се отвори, затоа што се виде дека и кога не работи, воздухот во Тетово и понатаму е екстремно загаден, во спротивно работниците мора да земаат некој надомест, не можат да останат на улица – рече Бајрам Амити, претседател на синдикатот на „Југохром“.

Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, изјави дека интензивно се работи на изградба на системот на отпрашување, кој беше главен причинител за затворањето на комбинатот.

Поврзани новости